x

Следниот флегшип смартфон на Samsung ќе се вика Galaxy S20

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 14 Јануари, 2020 од GSM.mk

Судејќи по шпекулациите и фотографиите што „протекоа“ на интернет, следниот флегшип смартфон на компанијата Samsung нема да се вика Galaxy S11, туку Galaxy S20.

Поточно, на фотографиите е Galaxy S20 Plus, што укажува дека е можно јужнокорејската компанија во иднина да ги именува своите флегшип модели по годината на промовирање на пазарот.

Исто така, на предната страна се гледа отвор за селфи камера слично како кај Galaxy Note 10. Samsung значително ги намали заоблените рабови на Galaxy S10 и S10 Plus, па така XDA Developers пишува дека „лежи рамно во дланка“.

Назад има голем модул за камери во кој има стандардна широка камера, ултраширока камера, портрет камера и макро камера, објави The Verge.

Samsungсе очекува да ја претстави целата линија уреди Galaxy S20 на настанот Unpacked на 11 февруари, а тука се вклучени и моделите со различни големини на екранот и моделите со поддршка за 5G мрежа.

Се очекува наредниот месец да дебитира и новиот смартфон на преклоп кој можно е да се вика Galaxy Bloom.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.