x

Смартфон на преклоп од Samsung отпорен на вода и прашина

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 13 Мај, 2017 од GSM.mk

Компанијата Samsung уште се нема откажано од смартфоните на преклоп и подготви уште еден модел што наскоро ќе се појави на пазарот во Јужна Кореја.

Уредот SM-W2018 е понова верзија на веќе постоечкиот истоимен уред што веќе беше пласиран на пазарот во Кина и уште не е јасно кои ќе бидат разликите меѓу двата телефони.

Смартфонот е комбинација од напредна технологија како бежично полнење и сензор за отпечаток на прст, со основни спецификации како процесор Snapdragon 430.

Најинтересен е двојниот дисплеј од 4,2 инчи Full HD Super AMOLED,  а уредот има и задна камера од 12 мегапиксели и предна од 5 мегапиксели, додека батеријата е од 2.300 mAh.

Исто така доби 64 GB внатрешна меморија, Samsung Pay поддршка, а исто така е отпорен на вода и прашина.

Телефонот ќе биде достапен само во Азија.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.