x

SmokeBeat: Апликација која преку вашиот паметен часовник ќе ви помогне да се откажете од пушењето

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 08 Јануари, 2018 од GSM.mk

Пушењето е ужасна навика на многу луѓе ширум светот веќе подолго време. Иако голем дел од нив сакаат да се откажат од ваквата навика, напуштањето на цигарите не е така лесно..

Постојат голем број апликации кои тврдат дека може да ви помогнат во напуштањето на цигарите. Но, многу е лесно да ги измамите ваквите апликации. Уште полесно е да заборавите да внесувате рачно податоци на нив секојдневно. Затоа Somatix, компанијата позади една ваква апликација, ја претстави Somatix:



Somatix ги користи вашиот паметен часовник за да провери колку цигари сте испушиле тој ден. Компанијата тврди дека алгоритамот на апликација прави разлика кога некој ќе ја крене раката само за да се почеша, да изеде нешто или да земе дим од цигара. Откако часовникот ќе ги измери ваквите податоци, апликацијата го прави останатото - кажува колку цигари сте испушиле во одреден временски период, колку време сте потрошиле на тоа, па дури и колку пари ве чинело. Истотака, активните нотификации ќе ги предупредуваат корисниците да успорат со пушењето. Оние кои решиле да прекинат на неколку дена, ќе добијат претходно направени планови кои ќе помогнат во тоа. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.