x

Snapchat го менува името и ќе продава наочари!

Категорија: Новости // Бизнис Објавено на 26 Септември, 2016 од GSM.mk

Во саботата, направени се навистина големи корпоративни промени во Snapchat. Како прво, компанијата веќе нема да го носи името Snapchat...

Наместо претходното име, компанијата сега ќе се вика Snap Inc. Причината за промена на името е тоа што фокусот ќе биде ставен не само на еден, туку на повеќе производи кои ќе се промовираат.

Првиот производ е веќе најавен - Spectacles, наочари за сонце од Snap кои вклучуваат видео камера во десната леќа. На левата страна од наочарите има светлосен индикатор, кој им кажува на другите дека наочарите всушност ги снимаат.

Имате можност да снимите видео од 10 секунди, максимално до 30 секунди (толку овозможува самата меморија). Батеријата би требала да трае цел ден, со тоа што ќе добиете и екстерен мобилен полнач.

Цената на овие наочари ќе биде 129 долари, а ќе доаѓаат во црна, жолта и зелена боја.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.