x

Snapchat исплати 200 милиони долари за конкурентска апликација

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 23 Јуни, 2017 од GSM.mk

Snapchat плати 200 милиони долари за да ја купи конкурентската стартап компанија Zenly од Франција со која ќе им овозможи на корисниците да ги следат активностите на нивните пријатели според мапи и локации.

Snapchat ја купи Zenly уште во мај годинава и наводно веќе ја има надоградено главната апликација со дел од опциите на Zenly.

Snap својата верзија на Zenly ја нарече Snap Map, а апликацијата наводно ќе функционира одвоено од Snapchat, како што е тоа пракса на Facebook и на Instagram. 

Корисниците на Snap Map ќе можат да гледаат снимки и фотографии на нивните пријатели според локацијата на која се наоѓаат додека во позадина им е вклучен GPS.

Zenly им овозможува на корисниците да ги гледаат нивните пријатели на мапа и директно да им пратат порака, или пак да следат што се случува на одредена локација.

Оваа стартап апликација стана многу популарна меѓу тинејџерите во Франција, Јужна Кореја и Јапонија.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.