x

Snapchat со дневна загуба од три милиони корисници во втората половина од 2018 година

Категорија: Занимливости Објавено на 09 Август, 2018 од GSM.mk

Snapchat ги сподели статистичките податоци за популарноста на апликацијата и работите не изгледаат баш најдобро за компанијата..

Според најновите податоци, Snapchat во втората половина од годината има изгубено над три милиони корисници. Иако навидум Instagram, најголемиот конкурент на Snapchat, има "украдено" голем дел од функциите на апликацијата, како Stories,  изгледа дека корисниците сепак повеќе уживаат во користењето на Instagram, наместо Snapchat. 

Во периодот од април до јуни, приходот на Snapchat достигна до 262 милиони долари. Извршниот директор на компанијата, Evan Spiegel, смета дека за неуспехот на апликацијата е виновна промената на дизајнот на почетокот од годината. Корисниците беа толку незадоволни, што се појави и петиција на Change.org за враќање на стариот изглед. 

Дали вие сеуште користите Snapchat, или пак сте еден од загубените корисници на компанијата?

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.