x

Snapchat воведува групни разговори и соработка со Shazam!

Категорија: Рецензии // Апликации Објавено на 16 Декември, 2016 од GSM.mk

Snapchat драстично се има променето откако се појави на пазарот пред 5 години. Започна како едноставна апликација за споделување фотографии, а сега е огромен хит и една од најпопуларните апликации во App Store!


Со новата функција, корисниците ќе можат да пратат информации за било која песна, добиени од Shazam, во вид на снепови. На ваков начин пронаоѓањето и споделувањето на песни е многу полесно. Shazam е една од најпопуларните апликации во App Store, со милијарда симнувања и сто милиони корисници. 

Ова е втората новост која Snapchat ја воведе. Истотака, на апликацијата ќе може да  формирате групни разговори со повеќе од 16 луѓе истовремено. Постои посебна опција "make group chat" каде на многу лесен начин можете да додадете луѓе.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.