x

Snapdragon 865: 5G конекција и потврден кај Galaxy S11!

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 05 Декември, 2019 од GSM.mk

Qualcomm официјално го најави својот нов процесор - Snapdragon 865!

За време на годишниот Snapdragon Tech настан во Хаваи, претседателот на Qualcomm, Cristiano Amon најави дека 2020-та е годината во која ќе биде прифатена поголемата брзина која ја нуди 5G конекцијата на глобално ниво. 

"5G ќе овозможи нови и возбудливи можности за конектирање и комуницирање на начини кои не сме ги виделе досега. Нашата Snapdragon 5G мобилна платформа која беше најавена денес ќе продолжи да покажува лидерство во индустријата и да ги испорача ветуваните перформанси кои 5G технологијата ќе ги нуди". - изјави претседателот на Qualcomm. 


Snapdragon 865 вклучува Snapdragon X55 Modem-RF систем кој и ултра високи mmWave сигнали и sub-6GHz сигнали. Покрај 5G, Snapdragon 865 поддржува и Al способности и ќе биде еден од најмоќните и најнапредните процесори со 5G во светот. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.