x

Со iOS 10.3 може да проверите кои апликации ќе бидат избришани со iOS 11!

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 18 Март, 2017 од GSM.mk

Веќе е потврдено дека со новиот оперативен систем, Apple планира да избрише околу 200 000 апликации од App Store. За среќа, сега постои начин со кои може да проверите за кои апликации всушност станува збор!

Функцијата, наречена "App Compatibility", се наоѓа во settings менито и може да ја најдете преку кликање на General > About > Applications. На овој начин, може да проверите дали одредена апликација е 64 битна, и доколку не е, дали може да симнете таква верзија. 

Инаку, компанијата Tim Cook & Co. ќе ги избрише 32-bit апликации и при нивното палење ќе се појавува порака која ќе ве извести дека не се компатабилни со новиот оперативен систем. Со нивното бришење, ќе исчезнат 8% од сите апликации во App Store. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.