x

Со iOS 11, ќе може да го исклучите вашиот iPhone без Power копчето

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 15 Октомври, 2017 од GSM.mk

Доколку поради некоја причина не можете да ги користите физичките копчиња за исклучување на вашиот iPhone, Apple најде решение за ваквиот проблем..

Да претпоставиме дека не работи Power копчето на вашиот Apple уред. Поради тоа, со притискање на Power и Home копчето не може да го ресетирате. Истотака, бидејќи iPhone 7 не доаѓа со механичкото Home копче, Apple воведе нова опција. За ресетирање на телефонот, корисникот треба да го држи Power копчето 3 секунди и истовремено да го притисне копчето за намалување на звук.

Но, дали постои начин да го исклучите вашиот iPhone или iPad без да ги користите копчињата? Една опција е да ги оставите да се испразнат до крај, што и не е многу практично. Друго решение е, со iOS 11, софтверски да го исклучите уредот. Се што треба е да одите во Settings > General > Shut Down> Slide power button to the right.


Доколку имате проблем со исклучување на вашиот уред користејќи ги физичките копчиња, со iOS 11 ќе има нов начин тоа да го направите. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.