x

Со новиот update Huawei Mate 9 ја доби Amazon Alexa!

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 23 Март, 2017 од GSM.mk

Претставен во јануари, Huawei Mate 9 веќе доби нов софтверски update со кој доаѓа Amazon Alexa како дигитален асистент!

Update-тот е достапен од 22 март, но, сега за сега, само во Америка. Со Alexa како ваш асистент, ќе може да извршувате голем број фунцкии (вклучувајќи и шопинг) само со користење на вашиот глас. Плус, ќе може да комуницирате со Amazon Echo, доколку го имате, и други слични домашни производи. 

За жал, за да ја активирате Alexa, ќе треба да ја уклучите апликации и да притиснете на копче, пред да ја замолите да ви направи услуга. Истотака, недостасуваат неколку способности достапни на други уреди, како Music, Tunein, и Timer/Alarms.

Но, за среќа, сеуште ќе може да го користите и Google асистентот на вашиот Mate 9.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.