x

Социјалните мрежи прават тинејџерите да се чувствуваат самоуверео и посигурно

Категорија: Занимливости Објавено на 08 Мај, 2019 од GSM.mk

И покрај темната страна на социјалните мрежи, според новите истражувања тинејџерите се чувстуваат многу посигурно и посамоуверено користејќи ги овие платформи..

Онлајн насилството, навредите и големиот притисок се само дел од проблемите кои се поврзани со користењето на социјалните мрежи. И покрај тоа, нивното користење прави тинејџерите да се чувствуваат сигурно. Pew Research, компанија која се занимава со социјалните проблеми, јавното мислење и демографски податоци, анкетирала 743 тинејџери на возраст од 13 до 17 години и открила дека дури 81% од нив се чувствуваат повеќе поврзани со нивните пријатели, благодарение на социјалните мрежи.

Можеби уште поважно, 68% од нив изјавиле дека благодарение на овие платформи се чувствуваат посигрно и поддржано во периоди кога им е најтешко. 69% сметаат дека социјалните мрежи им овозможуваат да се спријателат со поширока и поразновидна група на луѓе. Истовремено 69% од тинјџерите се чувствуваат посамоуверено, наспорти 26% кои чувстуваат голем притисок и несигурност при интеракција со други. 

Последно, што најчесто постираат тинејџерите на социјалните мрежи? Речиси половина од нив споделуваат што прават во денот, 44% постираат за своите семејства, 34% дискутираат за своите емоции, а 22% пишуваат за својот љубовен живот. Само 10% постираат за религиозни и политичи верувања.

Кое е вашето мислење за социјалните мрежи? Дали навистина позитивно влијаат на тинејџерите? 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.