x

Sony бесплатно дели 10 видеоигри!

Категорија: Забава Објавено на 25 Март, 2021 од GSM.mk

Минатата година Sony ја започна иницијативата Play at Home (Играј дома) во која голем број бесплатни видеоигри беа дистрибуирани до корисниците на конзолата PlayStation.

Сега, иницијативата Play at Home зема замав, бидејќи Sony соопшти дека споделува дури 10 наслови бесплатно за своите корисници.

Повеќето видеоигри се големи инди остварувања, ABZU, Subnautica, The Witness, а најголемо внимание секако привлекува Horizon Zero Dawn, чиј втор дел го очекуваме ова лето.

Девет од овие бесплатни игри ќе бидат достапни од 25 март и ќе останат бесплатни до 22 април.

Што се однесува до 10-тата игра, Horizon Zero Dawn, таа ќе биде бесплатна дури на 19 април.

Комплетниот список на игри гласи вака:

Paper Beast

Thumper

The Witness

Subnautica

Rez Infinite

Enter the Gungeon

ABZU

Horizon Zero Dawn

Moss(VR)

Astro Bot Rescue Mission(VR)


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.