x

Sony PlayStation 5 ќе користи процесор со осум јадра и ќе чини 500 долари

Категорија: Забава Објавено на 21 Ноември, 2018 од GSM.mk

Дизајнерите и инженерите на Sony веќе работат на долгоочекуваната конзола PlayStation 5. Уредот сѐ уште е во почетна фаза на проектирање, но на интернет веќе се појави информација дека Sony PlayStation 5 ќе има хардвер на AMD.

Според податоците, компанијата планира да го пропушти гејмерскиот саем Е3 2019 и наместо тоа ќе организира свој настан, во средината на следната година, на кој првпат ќе го презентира Sony PlayStation 5.

Јапонскиот производител ќе започне со продажба на глобалниот пазар во март или ноември 2019 година. Точен датум сè уште не е одреден, но Sony PlayStation 5 се очекува да чини околу 500 долари.

Sony ќе користат осумјадрен Ryzen процесор во новата конзола, кој ќе биде во можност да репродуцира содржина со 4 К резолуција при брзина од 60 фрејмови во секунда.

Инженерите на компанијата заедно со специјалистите на AMD ќе создадат модифициран графички чип за конзолата. Постои голема веројатност Sony PlayStation 5 да е компатибилен и со игрите за сегашните верзии на Sony PlayStation.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.