x

Sony работи на телефон кој не само што се витка, туку има и проѕирен екран

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 04 Декември, 2018 од GSM.mk

Откако Samsung и Royole ги претставија нивните телефони со екрани кои се виткаат, слични уреди почнаа да најавуваат и останатите производители, а последен во низата е Sony, чиј модел изгледа како уред од научно-фантастичните филмови.

Светската организација за интелектуален имот (WIPO) на 22 ноември го одобри патентот на Sony наречен „Display Device and Electronic Apparatus“ кој се надоврзува на два претходно постоечки и одобрени патенти.

Патентот опишува смартфон со два екрани од кои едниот е поставен на предната а другиот на задната страна на уредот. Главниот екран содржи повеќе елементи кои емитуваат светлина, додека другиот содржи елементи кои ја управуваат светлината. Благодарение на тоа, уредот креира ефект на екран кој е проѕирен од двете страни.


Според WIPO, патентот е составен од шест различни модови за екранот, по три на секоја од двете страни. Со нивна помош екранот може да биде проѕирен, полупроѕирен или стандарден, односно непроѕирен.

Телефонот на Sony со екран кој се витка би можел да има дури четири панели, секој од нив свртен еден према друг, за да може да се постигне ефектот на проѕирен екран. Подетален опис можете да пронајдете на LetsGoDigital.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.