x

Sony стигна до бројката од 500 милиони продадени PlayStation конзоли

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 17 Август, 2018 од GSM.mk

Продажбата на 81 милион примероци од PlayStation 4 конзолата им помогна на Sony да стигнат до бројка од вкупно половина милијарда продадени примероци од сите генерации на оваа конзола.

PlayStation 4 Pro 500 Million Limited Edition ќе се продава за 499 долари во Северна Америка, 499 евра во Европа и 49,98 јени во Јапонија. Сите 50.000 конзоли од оваа ограничена линија ќе бидат индивидуално означени со бројката на производство, нивната надворешност ќе биде скоро проѕирна а нивната внатрешност ќе свети со сина боја за да им овозможи на корисниците да видат како изгледа конзолата додека работи.

„Би сакал да ја изразам мојата благодарност за постојаната поддршка од нашите фанови и бизнис партнери, кои придонесоа за богатата историја на PlayStation конзолата. Без нив немаше да стигнеме до бројката од 500 милиони продадени примероци“, вели Џон Кодера, претседателот на Sony Interactive Entertainment.

Оригиналниот PlayStation беше претставен во 1994 година во Јапонија и беа продадени повеќе од 100 милиони примероци низ светот. Неговиот следбеник PS2 се продаде во 158 милиони примероци, со што стана најпродаваната конзола на сите времиња.

Последното издание на конзолата, заедно со PS Vita уредот, ја кренаа бројката на 525 милиони продадени единици.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.