x

Sony Xperia 10 Ultra ќе има неверојатно голем дисплеј!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 24 Март, 2019 од GSM.mk

Sony Xperia 10 и Xperia 10 Plus беа неодамна претставени, но компанијата веќе има план за нови смартфони во серијата...

До крајот на 2019 година, Sony ќе претстави уште еден модел во серијата, сега за сега познат како Xperia 10 Ultra. Како што кажува самото име, оваа верзија ќе биде поголема од оние кои беа претставени, како и помоќна

Имено, Xperia 10 Plus веќе има прилично голем панел, од 6.5 инчи. Но, со Xperia 10 Ultra, Sony планира да премине на поуникатен, 7 инчен панел. Се разбира, ова значи дека уредот целосно ќе биде поголем, но не значи дека ќе биде непрактичен за користење. Како и досегашните Sony уреди, моделот најверојатно ќе го задржи високиот 21:9 тело-дисплеј сооднос. 

Преминувајќи на внатрешните спецификации, најверојатно ќе станува збор за Snapdragon 710, придружен од 6GB RAM и 128GB меморија. На задната страна ќе има најмалку две камери. 

За жал, сега за сега не е позната неговата цена, но би требало да биде помеѓу 700 и 750 долари.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.