x

Sony Xperia 1R ќе биде првиот 5K телефон во светот!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 19 Јули, 2019 од GSM.mk

Sony го најави Xperia Z5 Premium во 2015 година како првиот 4K телефон во светот. Оваа година, Sony подготвува уште еден нов смартфон кој ќе има одличен екран..

Иако името официјално не е потврдено, новиот смартфон на Sony ќе има 21:9 панел со голема 5K (5040 x 2160p) резолуција. За споредба, сегашната генерација Xperia 1 уреди има 4K (3080 x 1664) панел кој нуди 70% помалку пиксели. Досега новиот уред беше познат под Xperia 2 името, но изгледа дека неговото официјално има ќе биде Xperia 1R, бидеќи ќе биде нова и подобрена верзија на Xperia 1. 

Xperia 1R ќе има помал, 6.1 инчен дисплеј од сегашниот 6.5 инчен Xperia 1. Ова, во комбинација со поголемата резолуција значи дека Xperia 1R ќе нуди неверојатна густина на пикселите од 899 пиксели-на-инч. Повторно, за споредба, Xperia 1 има густина од 643 пиксели-на-инч. 

Sony Xperia 1R/2 CAD-based render - The Sony Xperia 1R could launch as the world's first 5K phone

Со цел навистина да станува збор за моќен телефон, Sony треба да претстави еднакво моќни спецификации во внатрешноста на уредот. Додека сегашниот модел доаѓа со Snapdragon 855, неговиот следбеник можеби ќе работи на Snapdragon 855 Plus. Со процесорот ќе бидат присутни и 6GB RAM, како и 128GB меморија. Батеријата ќе биде од 3,200mAh. 

Sony Xperia 1R ќе биде официјално најавен во септември, за време на IFA 2019 настанот во Берлин. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.