x

Sony Xperia XZ Pro доаѓа во февруари со 4K OLED дисплеј!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 21 Јануари, 2018 од GSM.mk

Sony Mobile веќе претстави три нови смартфони за време на CES, но јапонската компанија ги чува своите најдобри уреди за MWC настанот, кој е следниот месец..

Еден од најочекуваните Sony смартфони, кој се очекува да биде и најдобар, е Xperia XZ Pro. Уредот ќе биде претставен следниот месец, за време на MWC. 

Xperia XZ Pro ќе доаѓа со 5.7 инчен OLED дисплеј со 4K резолуција. Во внатрешноста, ќе се наоѓа Snapdragon 845 процсесор, придружен од 6GB RAM и 128GB меморија. На задната страна, ќе се наоѓа дуален систем камери, од 18 и 12 мегапиксели, а селфи камерата ќе биде од 13 мегапиксели. Последно, уредот ќе работи на батерија од 3420 mAh. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.