x

Sony Xperia XZ3 спецификации и цена: Премиум уред со очекувано висока цена

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 19 Јули, 2018 од GSM.mk

Како што можеби ви е познато, Sony не се придржува на годишни обновувања на своите премиум смартфони. Наместо тоа, компанијата најавува два уреди во една година, со одвоеност од 6 месеци, а подоцна и Premium верзија од уште повисока класа на еден од нив..

Токму затоа, Sony закажа настан на 30 август, каде планира да го открие својот нов телефон - Xperia XZ3.

Веќе некое време слушаме шпекулации за спецификациите на XZ3 - дуален систем камери и на предната и на задната страна, голема батерија, моќен процесор и уште многу повеќе. За среќа, деновиве се појави листа со официјалните спецификации на уредот, која ги потврдува дел од деталите за него кои ги слушавме претходно.

Според листата, XZ3 ќе доаѓа со Qualcomm Snapdragon 84, 6GB RAM, 64GB меморија, 5.7 инчен панел со резолуција од 1080 x 2160 пиксели и батерија од 3,240 mAh. На задната страна, ќе се наоѓаат две камери, од 19 и 12 мегапиксели, како кај XZ2 Premium, но наместо две, на предната страна ќе има една камера, од 13 мегапиксели. 

Како и останатите компании на пазарот, Sony ги има покачено цените на своите премиум уреди. Токму поради тоа, XZ3 ќе чини 994 долари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.