x

Совет: Како да го исклучите вашиот iPhone X

Категорија: Совети Објавено на 01 Август, 2018 од GSM.mk

Како што знаеме сите, iPhone X доаѓа со значителни промени во дизајнот, поради што дел од неговите функции добија нови начини за извршување..

Доколку сте iPhone X сопственик, бидејќи нема физичко Home копче, можеби се прашувате како може да го исклучите уредот. Се што е потребно е да ги знаете правилните копчиња - за да го исклучите вашиот iPhone X, потребно е да го држите Power копчето (на десната страна) и копчето за зголемување на звук (лева страна).

Откако ќе ги притиснете, треба да ги држите неколку секунди, додека не почуствувате мала вибрација и на екранот ќе се појават две опции: "Slide to power off" или Emergency SOS". За да го исклучите, ја одбирате опцијата на горната страна од екранот. Тоа е се!

Запомнете, доколку ги притиснете Power и копчето за звук и веднаш пуштите, ќе направите screenshot на дисплејот. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.