x

Совет: Пет начини како да научите нешто ново на интернет

Категорија: Совети Објавено на 03 Септември, 2018 од GSM.mk

Времето на интернет поминува многу брзо. Со часови можеме да поминеме прегледувајќи интересни страници. За жал, поголемиот дел од нас го трошат времето на глупости, односно на работи кои веднаш се забораваат...

Но, тоа не мора да биде така. На интернет множат да се научат многу нови работи, не само работи корисни за кариерата, туку нешто и за своја душа.

Онлајн курсеви

На интернет постојат многу бесплатни курсеви. На пример, имате можност да слушате предавачи од најдобрите светски универзитети. Google нуди бесплатни курсeви за веб аналитика. Microsoft организира академија за бројни обуки. Тука се и онлајн курсеви за странски јазици. Можеме да набројуваме до бесконечност, но во зависност од вашите интереси, дефинитивно можете да пронајдете нешто што би ве заинтересирало.

Видео предавања

На YouTube не морате да го поминувате времето гледајќи само смешни видеа. Таму постојат и предавања на експерти на најразлични теми, но и упатства за практични работи. Можете да научите како да го поправите автомобилот, да ја исчистете климата и други работи. Потребно е само малку подетално да го пребарате сајтот, во склоп со вашите интереси. Покрај YouTube, се препорачуваат и TED предавањата, кои сигурно ќе ве натераат на многу работи во животот да гледате поинаку.

Апликации

Многу нови работи можете да дознаете преку специјализирани апликации и програми. На пример, апликацијата Sololearn и сајтот Codeacademy имаат одлични интерактивни туторијали.

Подкасти

Постојат голем број на подкасти на многу јазици и тие сигурно можат да ви помогнат да го проширите спектарот на знаења и да слушнете различни размислувања на различни теми. Популарни андроид апликации за подкасти се Stricher, Podcast Addict и Podcast Republic. Овде ќе ви биде потребно малку повеќе време додека да го најдете она што ви се допаѓа, но веднаш ќе се „загубите“ во големиот избор.

Многу работи можат да се научат и преку дискусија со лица кои имаат исти интереси како вас. Поради тоа, ви препорачуваме да пребарате некој форум со теми кои ве интересираат. Тука се и сајтовите Stack Exchange или Quora, каде корисниците на иновативен начин дискутираат и си помагаат едни со други во решенија за проблеми од најразлични области.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.