x

Споредба на големините: iPhone 8 vs Galaxy Note 8 vs LG V30

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 08 Август, 2017 од GSM.mk

За само три недели, Samsung ќе го претстави Note 8. Потоа, за 4 недели го очекуваме LG V30, a подоцна во септември и iPhone 8. Бидејќи веќе отприлика ги знаеме нивните големини, да погледнеме како изгледаат еден до друг:

Најпрво, може да забележиме колку попрактично изгледа iPhone 8. Сите три уреди имаат AMOLED екрани, но iPhone 8 доаѓа со најмалиот, 5.8 инчен. Galaxy Note 8 се очекува да има 6.4 инчен, додека пак LG V30 ќе доаѓа со 6 инчен дисплеј. 

Друго што може да забележиме е екранот на iPhone 8 кој го зафаќа целиот преден дел од уредот. Note 8 и V30 имаат минимални рамки, кои кај V30 се малку позаоблени. Истотака, ја знаеме нивната дебелина. V30 ќе биде најтенок од сите со 7.4mm, iPhone 8 е речиси ист со 7.5mm, додека Note 8 е малку подебел, со 8.5mm. 

iPhone 7 Plus vs iPhone 8

iPhone 7 vs iPhone 8 vs iPhone 7 Plus

Galaxy S8 vs iPhone 8 vs Galaxy S8 Plus


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.