x

Спремете се: Facebook Messenger добива нов дизајн!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 19 Мај, 2017 од GSM.mk

Додека претходниот upgrade беше насочен кон промени во разговорите, новонајавениот ќе донесе визуелни промени кои би требало да го олеснат користењето на апликацијата.

Најочигледната промена ќе биде во Home дисплејот, кој ќе ги има истите функции, но со подобра организација. Во горниот дел од инбоксот ќе се наоѓаат промени кои ќе им помогнат на корисниците полесно да ги гледаат пораките и полесно да ги гледаат активните пријатели.

Во долниот дел ќе се наоѓа нов предел со функции за повици, камера копчето, People (search) и игри. Во истиот дел ќе се појави и нова, Discover, опција. И последно, ќе биде воведена "црвена точка", која ќе биде во функција на нотификација за пропуштени активности.

Новите промени ќе дојдат истовремено со update-тите на iOS и Android, следната недела. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.