x

Sprint: Никој нема да го памти фијаското со Note 7 по 6 месеци!

Категорија: Новости // Бизнис Објавено на 21 Септември, 2016 од GSM.mk

Во интервју во Fortune, генералниот извршен директор на американскиот мобилен оператор Sprint, Marcelo Claure, го сподели својот оптимистички поглед на проблемите со кој се соочува Samsung...

Според Claure, телефонот можеби сега е главна мета на потрошувачите и јавноста, но по одредено време, воопшто ќе се заборави на него. Поточно, неговата проценка е дека за 6 месеци луѓето ќе заборават дека телефонот поседувал проблеми со батеријата, поради кои можел и да експлодира. Ова е навистина оптимистички, со оглед на фактот дека над стотици сопственици веќе се соочиле со проблеми.

Од друга страна, Claure сподели дека компанијата има проблеми да ги натера сопствениците на Note 7 да го вратат својот телефон за замена.

„Потрошувачите се загрижени само доколку се појави проблем, односно не ја гледаат опасноста пред да се случи несреќата. Заради тоа, ние ги контактирате телефонски или преку SMS пораки“.

Сегашните проценки се дека Samsung ќе има загуби помеѓу 1 до 5 милијарди долари заради Galaxy Note 7.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.