x

Стартуваше со работа TweetCaster.com

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 21 Јануари, 2013 од Бошко Лазаровски

Доколку сте Твитерџија и често твитате од Вашиот Android, iOS или Windows Phone уред, сигурно знаете за TweetCaster апликацијата од OneLouderApps

Се работи за Твитер клиент кој има доста можности и опции за костумизирање, а им овозможува на корисниците и да го споделат својот твит и на Facebook ( неважно за Твитерџиите ).

Познатиот Твитер клиент, TweetCaster стартуваше со свој веб интерфејс. Сеуште е во бета верзија, па затоа можете да го користите само доколку имате TweetCaster мобилна апликација. Без разлика дали сте ја користеле мобилната апликација или првпат слушате за TweetCaster, ќе ја засакате оваа веб апликација.
Па да погледнеме подетално за што станува збор.



Интерфејс



Веб интерфејсот на TweetCaster го следи распоредот на Tweeter. Горниот бар Ви овозможува да напишете нов твит, да пристапите до корисничките подесувања, како и да се одјавите. Сите други контроли се во колона од лева страна. Вашиот тајмлајн може да се подели во "парчиња", кои се во главно групи кои може да се користат за категоризирање на твитерџиите кои ги следите.


Mentions, Direct Messages, Favorites, Lists и Вашите твитови се достапни од левиот бар, како и Explore опцијата и оние кои ги имате обележано.



Прелистување и Филтери на тајмлајн



TweetCaster нема автоматско скролање надолу кога имате нови твитови на Вашиот тајмлајн, но исто како и на официјалниот Twitter веб сајт, бројот на непрочитани твитови е прикажан на левата страна од барот.
Новите твитови може да се гледаат посебно во мало прозорче со кликнување на бројачот за непрочитани твитови, или пак едноставно да скролате нагоре за да ги видите новите твитови.


За да ги видите твитовите само со слики и видеа, изберете Photos & Videos од опаѓачкото мени на горниот дел на Вашиот тајмлајн.


Малите сликички (Thumbnails) за сликите, артиклите / URL - ата се прикажани само доколку се споделени преку Twitter, пример: слики споделени преку TwitPic, а линковите се скратени од Twitter. Сеуште нема поддршка за Instagram.



Твитање


За правила на твитање нема да Ве учам, сигурно ги знаете, а и не е за тоа статијата. :)
Копчето за нов твит се наоѓа на врвот на барот. Можете да прикачите слика, а исто така да и додадете локација. TweetCaster нема вграден скратувач на URL - а, па линковите ќе Ви го намалат лимитот на твитови. Нема автоматска сугестија за додавање ник во твитот ( @Mention ).





Исклучување ( Мутирање ) корисници


За да ги исклучите привремено твитовите од некои твитерџии, кликнете на копчето Zip-it, веднаш до Reply, Favourite, Retweet и Share опциите. Ги има истите опции во паѓачкото мени во делот на корисничкиот профил. Може да исклучите еден или повеќе твитерџии и клучни зборови во исто време, одвоени со празно место.



Исклучените твитови ќе се појават на Вашиот тајмлајн, но нивната содржина ќе биде сокриена.


Со кликање на икончето кое личи на патент и Unzip ја поништувате опцијата.



Обележување на корисници


Со обележувањето на корисници, ги додавате во левиот слајдер. Тоа може да го направите со едноставно кликање на корисничкиот профил и да изберете Bookmark.


По додавањето ќе ги забележите во левиот дел.





Explore можноста



Explore можноста на TweetCaster се потпира на делови кои би можеле да Ве интересираат.
Поделени се на неколку категории. Ова е полесен начин за корисниците кои би сакале да ги заследите.





Обележување и Пребарувања


Можете да ги зачувате или да ги обележите пребарувањата кои може да Ве интересираат. Тоа се прави со пребарување на некој клучен збор или пак хаштаг.





Кориснички профил и Подесувања


До корисничкиот профил можете да пристапите со кликање на Вашиот ник. Во малото прозорче се прикажани дел од Вашите информации како: бројот на твитови, бројот на следачи и бројот на твитерџии кои ги следите.



Во делот за промена на корисничкиот профил, можете да промените: слика, ник, веб сајт и информации за Вас.



Кога ќе го отворите Вашиот профил, прикажани се cover и профилната слика. Подолу е прикажан бројот на твитови со последните твитови, бројот на следачи и бројот на оние што ги следите.





Листи


Со кликнување на Lists можете да прегледате во кои листи членувате и на кои сте претплатени. Исто така можете и да креирате нова листа.


Парчиња и нивно изменување


Креирањето на парчиња Ви овозможува да групирате одредени луѓе и да ги гледате нивните твитови посебно. За креирање на нови парчиња изберете Edit Slices.

Доколку сакате да ги следите твитовите само од одредената група, кликнете врз некое од направените парчиња.

За додавање на корисник во одредена листа, отворете го неговиот профил и изберете Add to Slice.




Со кликање на твитот ќе се прикаже прозорче во кое ќе видите од кого е ретвитуван / фејван истиот.



Кога ќе видите зелена линија до твитот, тоа значи дека имате направено ретвит или пак некој одговорил на Вашиот твит.

Кога ќе видите жолта линија до твитот тоа значи дека сте направиле фејворит на твитот.



Со кликање на опаѓачкото мени, можете да ги погледнете твитовите кои сте ги фејвнале, листите и луѓето кои ги следите.




Се на се, ова е одличен сервис кој сеуште е во бета, и разбирливо е да има некои багови. Се надеваме дека од OneLouderApps ќе објават официјална верзија што побрзо.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.