x

Стигна новиот iOS 14 софтвер за уредите на Apple

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 19 Септември, 2020 од GSM.mk

Apple го пушти новиот iOS 14 софтвер на сите поддржани iPhone уреди.

Откако ги претстави трите Apple Watch рачни часовници, iPad таблетот и A14 Bionic чипсетот, компанијата конечно го пушти и iOS 14 на сите поддржани уреди.

Ажурирањето ќе го добијат сите iPhone телефони кои го поддржуваа и iOS 13. Тоа значи дека и iPhone SE, кој е стар повеќе од четири години, ќе го добие најновиот софтвер, како и iPhone 6S и неговата серија, која во моментов е постара од пет години.

Вкупно, Apple го ажурира iOS 14 на 15 iPhone уреди:

iPhone 6S

iPhone 6S Plus

iPhone SE

iPhone 7

iPhone 7 Plus

iPhone 8

iPhone 8 Plus

iPhone X

iPhone XR

iPhone XS

iPhone XS Max

iPhone 11

iPhone 11 Pro

iPhone 11 Pro Max i

iPhone SE (2020).


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.