x

Стратешки пресврт: Како Закерберг ќе го направи Facebook побезбеден?

Категорија: Занимливости Објавено на 11 Март, 2019 од GSM.mk

Основачот и извршен директор на Facebook, Марк Закерберг, вети дека преку стратешки пресврт ќе ја претвори социјалната мрежа во платформа која е одговорна и внимателна..

Facebook мора да го промени начинот на работење во насока на подобрување на приватната размена на информации и комуникација помеѓу корисниците – барем така сметаат луѓето од оваа компанија.

„Кога мислам на иднината на интернетот, мислам дека платформата за комуникација насочена према ‘приватното’ ќе стане уште поважна од денешните отворени платформи“, оцени Закерберг.

Според Закерберг, иднината на Facebook е во обединувањето на сите социјални мрежи кои ѝ припаѓаат на оваа компанија. Тој смета дека најефикасниот начин на ширење и популаризирање на социјалните мрежи се краткотрајните формати како Stories, наместо трајните објави кои можат да ги видат повеќе корисници, било кога.

Извршниот директор на Facebook има намера технички да ја обедини оваа социјална мрежа со нејзините останати апликации, како Instagram, Messenger и WhatsApp. Неодамна беше најавено дека во иднина корисниците на Facebook ќе можат да разменуваат пораки кои ќе бидат заштитени и шифрирани, што засега е можно само на WhatsApp.

„Иако во моментов не сме високо на листата која ја оценува заштитата на приватноста, ќе развиеме услуги кои луѓето навистина ги сакаат“, додаде Закерберг.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.