x

Super Mario доаѓа на филмското платно!

Категорија: Занимливости Објавено на 06 Февруари, 2018 од GSM.mk

Јапонската компанија Nintendo потврди дека ќе ги препушти правата за нивниот најпознат лик од франшизата „Super Mario“ за тој да се појави во долгометражен анимиран филм, кој ќе го направи истото студио кое сними хитови како „Despicable Me“ и „Minions“.

Wall Street Journal уште во ноември минатата година пишуваше дека филм под името „Super Mario“ е во изработка, но сега оваа вест се официјализираше.

Малку податоци се познати засега за самиот филм, но се знае дека еден од продуцентите е Шигеру Мијамото, креаторот на ликот Super Mario и на многу други легендарни Nintendo ликови. Покрај него, улогата на продуцент ја зазема и Крис Меледандри, кој е најдобро познат по успешната работа на франшизата „Despicable Me“.

Филмот ќе биде во изработка на студиото Illumination, кое стои зад веќе добро познатите анимирани филмови, како „Despicable Me“, „Minions“ и „Sing“.

Засега не се знае кога ќе биде премиерата на филмот, но тој веројатно ќе биде готов до првата половина од 2019 година. Наредната година нѐ очекува вистинско Super Mario лудило, откако Nintendo веќе најави дека игра со насловот „Super Mario Kart“ ќе се појави на листата на апликации за смартфони.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.