x

Светкавите iPhone маски може да ви ја оштетат кожата!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 08 Август, 2017 од GSM.mk

Љубители на светкавите маски, ви препорачуваме внимателно да бирате од каде ги купувате вашите телефонски додатоци...

Производителот MixBin, кој продава телефонски додатоци на Amazon и во популарни продавници, како што е Victoria's Secret, повлекол 275 000 маски поради безбедносни причини.

Проблемот е предизвикан од течноста, која ги држи светкавите делови на место. Вусшност, станува збор за хемикалија која ја иритира кожата и може да предизвика сериозна штета и изгореници. Голем број од клиентите на MixBin се пожалиле, што ја предизвикало истрагата и големата рецесија на маски. 

Клиентите кои се незадоволни, може да ги вратат маските и да си ги добијат парите назад.  

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.