x

Танос и Одмаздниците пристигнаа во Fortnite: Battle Royale

Категорија: Забава Објавено на 05 Мај, 2019 од GSM.mk

Најпопуларната видеоигра во моментов – „Fortnite: Battle Royale“ доби нов апдејт кој со себе ги носи ликовите од „Avengers: Endgame“. Во тек на ограничено време, играчите ќе можат да ги користат ликовите на Танос, Тор, Ајрон Мен и останатите суперхерои

Танос се враќа и овојпат со себе носи цела армија од Читаури војници, а нив ќе се обидат да ги запрат суперхероите од „Avengers“, чија задача е да го спречат Танос од наоѓање на Камењата на бесконечноста.

Овој специјален мод функционира како deathmatch, со тоа што секој од играчите автоматски ќе биде вратен во играта откако ќе биде елиминиран. Играчите ќе имаат на располагање неколку епски предмети на располагање, како штитот на Капетан Америка, лакот и стрелата на Хокај, како и чеканот и секирата на Тор.

Целта на играчите ќе биде да го спречат Танос да дојде до сите шест Камења, а со секој нареден собран Камен тој станува помоќен и на тој начин ги намалува шансите за победа на другиот тим. Ако Танос биде елиминиран меѓу првите играчи, еден од играчите кои контролираат Читаури војник ќе стане Танос, што ја прави играта уште поинтересна за играње.


Остатокот од апдејтот е фокусиран на поправање на багови и подобрувања на оружјата и функционирањето на играта, како би се подобрило играчкото искуство во „Fortnite: Battle Royale“.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.