x

TCL претстави два нови буџетски уреди: Alcatel 3X и Alcatel 1V

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 08 Септември, 2019 од GSM.mk

На IFA 2019 настанот секојдневно се претставуваат нови смартфони и уреди. Меѓу нив, овој пат и Alcatel најави два нови буџетски телефони. Еве што нудат:

Alcatel 3X има 6.5 инчен панел со резолуција од 720x1600 пиксели и веќе познат дизајн со waterdrop notch на горниот дел и тенки рамки од страните. На задниот дел се наоѓа скенерот за отпечатоци со систем од три камери. Со оглед на цената ваквите карактеристики се навистина позитивно изненадувачки. Станува збор за 16 мегапикселен главен, 8 мегапикселен широкоаголен и 5 мегапикселен сензор. Работи на MediaTek процесор со 6GB RAM и 128GB меморија. Можеби најимпресивната карактеристика е батеријата со 4000mAh. Со резолуцијата на екранот, најверојатно може да издржи два дена без полнење. Неговата цена е 149 евра.

TCL presents two new budget smartphones: the Alcatel 3X and the Alcatel 1V

Alcatel 1V е наменет за оние кои сакаат Android телефон со буџетска цена. Има 5.5 инчен панел со резолуција од 480x960 пиксели. Во внатрешноста има само 1GB RAM и 16GB меморија. За разлика од 3X, овој модел има поскромна батерија со 2460mAh. Кај него се разбира има камери, но задна од 5 и предна од 5 мегапиксели. Поради ваквите спецификации, неговата цена е само 79 евра.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.