x

Телефоните на преклопување се враќаат на пазарот?

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 23 Април, 2018 од GSM.mk

Според голем број медиуми, најголемиот тренд за оваа година ќе биде враќањето на телефоните на преклоп..

Според Seattle Times, телефоните на преклоп се враќаат на пазарот. Еден од писателите на Baltimore Sun, Katie Reid, го заменила својот iPhone за Kyocera телефон на преклопување. Поттик за ваквата постапка најпрво било да се исклучи од зависноста кон социјалните мрежи, а потоа да се погрижи дека нејзината ќерка нема да порасне со смартфон како најдобар пријател. 

Интересно е што оние кои ги оставаат смартфоните за постар телефон се чувствуваат пофокусирано. Една личност која ја направила замената, Roman Cochet, од iPhone на LG телефон на преклоп, вели дека без постојаната потреба за внимание од смартфонот, се чувствува пофокусирано. Овој тренд дури се појави и во Холивуд, каде Kim Kardashian-West и Daniel Day-Lewis биле забележани со телефон на преклоп. 

Но, не сите телефони на преклопување наликуваат како да се од минатото. Samsung W2018, достапен само во Кина, е Android телефон кој чини 2500 долари. Доаѓа со Snapdragon 835, 4.2 инчен OLED дисплеј, 6GB RAM и 64GB меморија. Вклучува и 12 мегапикселна камера, но не го исклучува корисникот од социјалните мрежи како Facebook, Twitter или Instagram.

Дали вие би го замениле својот модерен смартфон за телефон на преклопување?

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.