x

Телефоните почесто служат за фотографирање, отколку за разговор

Категорија: Занимливости Објавено на 22 Октомври, 2018 од GSM.mk

Според резултатите од истражувањето на компанијата LG, мобилните телефони почесто служат за фотографирање отколку за водење разговори.

Тоа е така бидејќи мобилниот ни е секогаш при рака и ги има сите функции за извршување на целта. Од него се испраќа електронска пошта, служи како будилник, може да се слуша музика и да се гледаат филмови, со него може да се фотографира и да се снимаат видеа.

LG ја следеле навиката на корисниците на мобилни во САД и Јужна Кореја, каде 87% од испитаниците изјавиле дека со мобилниот фотографираат најмалку еднаш неделно, додека 82% изјавиле дека еднаш неделно разговараат на телефон со некого.

Резултатите покажале дека кај 80% од испитаниците употребата на камера е почеста и од користењето на телефонот за преглед на социјалните мрежи. Селфи фотографиите и фотографиите со деца се повеќе популарни во САД, додека во Јужна Кореја луѓето испраќаат повеќе фотографии од јадења и патувања.

Снимањето видеа е популарно кај 74% од испитаниците, додека 68% снимаат и испраќаат видеа од интересни места.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.