x

Telegram повлечен од App Store поради недолична содржина

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 03 Февруари, 2018 од GSM.mk

Компанијата Apple ја повлече апликацијата Telegram од својата App Store поради „недолична содржина“ на платформата, соопшти основачот и извршен директор на Тelegram, Павел Дуров.

„Компанијата Apple нѐ извести дека на нашите корисници им биле достапни недолични содржини, така што и двете апликации се повлечени од виртуелната продавница на Apple. Кога проблемот ќе биде решен, апликацијата повторно ќе биде вратена во App Store“, соопшти Дуров на Twitter.

Дуров мислеше на Telegram и неговата надоградена верзија Telegram X.

Аpple нагласи дека во нејзините виртуелни продавници  се забранетиапликации со „вознемирувачка или навредлива содржина“, вклучувајќи „охрабрување на нелегална или непромислена употреба на огнено оружје и други опасни предмети“, како и недолични содржини и референци на други апликации, како и тврдење за производи за кои е неможно да се направи проверка или потврда.

Сервисот за размена на пораки со end-to-end енкрипција Telegram го основаа браќата Николај и Павел Дуров во 2013 година.

Апликацијата веќе неколку пати досега беше мета на критики во неколку земји со аргумент дека често ја користат припадници на терористичката група Исламска држава.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.