x

Тест: Дали Galaxy S9 навистина може да мери крвен притисок?

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 17 Март, 2018 од GSM.mk

Samsung има големи планови за своите идни смартфони, а новите Galaxy S9 и S9+ ги промовира како "уреди кои обезбедуваат богати и релевантни информации за здравјето на корисниците." Да погледнеме колку е точна изјавата на компанијата:

Сензорот кој ги мери срцевите отчукувања кај Galaxy S9 и S9+ сега може да го мери и вашиот крвен притисок. Samsung, во соработка со UCSF смисли револуционерен сензор кој тврди дека нуди релевантни информации. Иако работи на ист начин како сличните апликации кои се наоѓаат во Play Store, податоците кои ги нуди сензорот на S9 се поточни.

При тестирањата, во голема мера сензорот се покажа релевантен, но тоа не значи дека може да ги замени професионалните уреди за мерење притисок. Откако ќе ги внесете вашите податоци, станува збор за разлика од +/- 5 при мерење со телефонот и со професионален уред. Но, при активност, разликата во резултатите е малку поголема. Затоа, креаторите на апликацијата советуваат да ја користите во мирна состојба и доколку седите, наместо при драстични активности. 


На кратко, не треба целосно да се потпирате на информациите кои ги нудат апликациите на Galaxy S9 или S9+ за дневните BP резултати кои ги бара вашиот доктор, туку за порелаксирано следење на вашиот крвен притисок. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.