x

Тестирајте го квалитетот на спермата со вашиот смартфон

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 24 Мај, 2017 од GSM.mk

Смартфоните денес се надоградени така што може да направат многу работи за вас, но сигурно не сте знаеле дека сега со мобилниот телефон може да ја тестирате и подвижноста на сперматозоидите.

Научниците од бостонската болница Бригам и Женската болница создадоа пренослив уред што го мери квалитетот на спермата кога ќе го поврзете со вашиот смартфон.

Според истражувањето објавено во списанието Science Translational Medicine, уредот има точност од 98 отсто во утврдување на бројот на сперматозоиди и на количината на сперма со нормална подвижност.

Овие фактори се од витално значење за одредување на плодноста на мажот.

Уредот функционира така што се става мало количество сперма во микрочип за еднократна употреба. Потоа уредот го поврзувате со приклучокот за вашиот мобилен телефон и камерата на телефонот ќе ви послужи како микроскоп. Со помош на апликацијата што претходно ќе ја инсталирате, програмата ќе ја анализира спермата и ќе ви даде резултати за неколку минути.

Ако случајно се прашувавте, не, спермата никогаш нема да дојде во контакт со вашиот телефон.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.