x

Тестирање на батеријата на LG G7 ThinQ: Подобрена или не?

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 15 Мај, 2018 од GSM.mk

G7 ThinQ е најновиот и најмоќниот смартфон на LG, со кој веќе се запознавме и ги знаеме неговите спецификации, но постои една карактеристика која сакаме да ја анализираме малку повеќе: неговата батерија.

G7 ThinQ доаѓа со батерија од 3000mAh, малку помала од просечната за Android смарфон, па не интересира дали LG има направено некаква оптимизација да ја направи да трае подолго. Како мало потсетување, LG користи малку поразлична технологија во дисплејот од останатите компании.

Како и да е, G7 ThinQ издржа 7 часа и 20 минути при тестирањето, што е помалку од просечното време на смартфоните во 2018 година. За среќа, не станува збор за голема разлика. Резултатите може да ги погледнете подолу и да ги споредите:


Издржливост на батеријата 

*повеќе е подобро

LG G7 ThinQ - 7h 20 min (Добро)

LG V30 - 9h 34 min (Одлично)

LG G6 - 6h 9 min (Просечно)

Apple iPhone X - 8h 41 min (Одлично)

Apple iPhone 8 - 8h 37 min (Одлично)

Apple iPhone 8 Plus - 10h 35 min (Одлично)

Samsung Galaxy S9 - 7h 23 min (Добро)

Samsung Galaxy S9+ - 8h 5 min (Одлично)

Samsung Galaxy Note 8 - 7h 50 min (Добро)

Google Pixel 2 - 8h 40 min (Одлично)

Google Pixel 2 XL - 8h 57 min (Одлично)

OnePlus 5T - 8h 51 min (Одлично)

Sony Xperia XZ2 - 8h 54min (Одлично)


G7 ThinQ поддржува брзо полнење и му беа потребни 102 минути за целосно да се наполни. 


Време потребно за полнење

*помалку е подобро

LG G7 ThinQ - 102

LG V30 - 108

LG G6 - 97

Apple iPhone X - 189 min

Apple iPhone 8 - 148 min

Apple iPhone 8 Plus - 178 min

Samsung Galaxy S9 - 107 min

Samsung Galaxy S9+ - 105 min

Samsung Galaxy Note 8 - 102 min

Google Pixel 2 - 111 min

Google Pixel 2 XL - 152 min

OnePlus 5T - 93 min

Sony Xperia XZ2 - 145 min


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.