x

Tetris Royale пристигнува на мобилните уреди!

Категорија: Забава Објавено на 02 Јули, 2019 од GSM.mk

Доколку не можете да си дозволите Nintendo Switch, или пак играњето видео игри не е ваше хоби, тогаш имаме добри вести за вас:

Една од најзависните игри за Switch, Tetris 99, наскоро ќе пристигне на мобилните уреди. Најголемата разлика меѓу двете верзии е тоа што на мобилната игра ќе може меѓу себе да се натпреваруваат до 100 играчи. Официјалното име на играта ќе биде Tetris Royale.

Покрај меѓусебни битки, играчите ќе може да извршуваат и дневни предизвици и да добиваат награди. Ќе биде достапен и персонален Marathon mode, со кој играчите ќе може да ги тренираат и усовршуваат своите вештини.

N3TWORK, во соработка со The Tetris Company ќе ја претстави Tetris Royale за сите Android и iOS уреди во светот, освен во Кина. Креирањето на играта е веќе започнато, а ќе биде достапна за бета тестирање на одредени места до крајот на 2019 година.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.