x

The Sims конечно доаѓа на iOS & Android и ќе биде бесплатна

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 20 Мај, 2017 од GSM.mk

17 години откако заразната игра беше лансирана, EA Games објави дека конечно ќе ја донесе играта на мобилните телефони.

Едноставно наречена The Sims Mobile, играта ќе биде бесплатна за симнување на Android и iOS уреди. Од трејлерот, се чини дека мобилната верзија ќе има многу слични функционалности со PC играта, a ќе има и можност за поврзување со пријателите.

Во некои држави, играта е веќе достапна за симнување, а во наредниот период ќе стане глобално достапна.

Од другите гејминг вести, Pro Evolution Soccer доаѓа во септември.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.