x

#TheNextGalaxy: 8 потенцијални карактеристики за Galaxy S8, S8 edge и S8 Plus!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 11 Јануари, 2017 од GSM.mk

Веќе не е тајна дека Samsung планира да ги претстави Galaxy S8, S8 edge и S8 Plus негде до средината на април. Па, кои се осумте најдобри карактеристики со кои треба да дојдат уредите?

1. Поголем дисплеј со потенки рамки


Според голем број инсајдери, Samsung планира целосно да го смени дизајнот на своите нови уреди. Иако некои сметаат дека сите ќе доаѓаат со флесибилен екран, поверојатно е дека некои од нив ќе бидат такви, а останатите ќе имаат револуционерен дизајн со тенки рамки.

2. Скенер за отпечатоци сместен во дисплејот


Бидејќи ваквата технолoгија веќе постои, шансите да биде вклучена во новите уреди на Samsung се големи. Ова ќе и дозволи на компанијата да го замени Home копчето со поголем дипслеј. Најверојатно станува збор за Qualcomm Sense ID сензорот за отпечатоци, кој може да биде сместен било каде на екранот.

3. 3D Touch функции на дисплејот

4. S-Pen за Galaxy S8 Plus?

Note 7 фијаското предизвика големи проблеми за Samsung. Според гласините, компанијата ќе се обиде да надомести за инцидентите со мистериозен 6.2 инчен Galaxy S8 Plus кој ќе доаѓа со S-Pen.
5. Стерео звучници

6. Селфи камера со авто-фокус

На новите уреди, селфињата ќе излегуваат од 8 мегапикселна предна камера, која е големо подобрување од 5 мегапикселната на Galaxy S7.  Големи се шансите предните камери на Galaxy S8 и S8 edge да доаѓаат со авто-фокус што ќе дозволува почисти фотографии од предмети на поголеми далечини.
7. Нова функција - "Desktop Experience" 

8. 8GB RAM, Snapdragon 835 и Exynos 8895



Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.