x

Think & Learn Smart Cycle: Иновативна "фитнес" играчка за деца!

Категорија: Рецензии // Гаџети Објавено на 05 Јануари, 2017 од GSM.mk

Да се живее во толку напредно и дигитално општество е одлично, но модерниот начин на живеење дефинитивно има своја негативна страна. Ова е особено присутно кај децата, кои се повеќе се забавуваат пред екраните наместо со физички занимации...

Па, кое е решението? Да се исфрлат сите таблети и дигитални уреди? Ваквата постапка сигурно нема да им се допадне на малечките, а Fisher-Price се соглсасува со тоа и најде поиновативно решение. 

Компанијата ја искористи сцената на CES да го претстави својот најнов производ. Станува збор за статичен велосипед, со името Think & Learn Smart Cycle, кој им дозволува на децата да играат на своите таблети, а во меѓувреме и да вежбаат.

Велосипедот преку Bluetooth се поврзува со таблетот, а истотака може да се приклучи и на поголем екран од телевизор. Децата може да играат 4 игри кои се симнуваат од App Store и Google Play, секоја по цена од 5 долари. Игрите се направени да бидат забавни, а во исто време и едукативни.

Цената на велосипедот е 150 долари.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.