x

Тим Кук дискретно го најави доаѓањето на нов MacBook

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 14 Септември, 2016 од GSM.mk

Фановите во Apple, а и оние што планираат купување на нов MacBook се надеваа дека на неодамна одржаниот настан, покрај новиот iPhone, компaнијата ќе го претстави и новиот MacBook, но тоа не се случи.

Сепак, најавите се дека нема уште долго да се чека за промоцијата на новиот лаптоп на Apple. Еден од посетителите на страницата MacRoumors му испратил мејл на првиот човек на компанијата, Тим Кук во кој напишал дека е разочаран од недостатокот на вести за новиот Mac и прашал дали компанијата намерно се оддалечува од Mac линијата.

Во одговорот, Кук напишал дека компанијата е многу посветена на Mac и дека треба да ги следи идните настани.

Според најавите што кружат, следниот настан на Apple е во октомври, а тогаш фановите ќе можат да ги видат новитe модели на MacBook Pro и на MacBook Air кои треба да имаат USB-C портови за полнење и поврзување. Очекувањата се дека компанијата ќе претстави и подобрена верзија на iMac со новите AMD графички процесори.

Од шпекулациите што досега се појавија, претпоставките се дека новите MacBook Pro компјутери ќе бидат потенки, како и дека ќе имаат OLED touch трака над тастатурата.

Извор: Kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.