x

Tinder е најопасната социјална мрежа во светот

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 30 Октомври, 2018 од GSM.mk

И покрај тоа што Facebook и Instagram имаат поголем број на корисници и се најпопуларни помеѓу социјалните мрежи, Tinder не заостанува далеку зад нив кога се зборува за виртуелно дружење и барање за партнер за разговор или нешто повеќе.

Меѓутоа, истражувањата покажуваат дека токму Tinder е веројатно најопасната социјална мрежа во светот, односно дека листата на позитивни страни е далеку помала од листата на негативни страни.

Истражувањето на Consumer Research покажува дека Tinder се наоѓа на врвот на листата на апликации со кои луѓето доживеале непријатни искуства. Дури 39% од испитаниците наведоа дека се соочиле со некаков вид на вознемирување додека ја користеле оваа апликација.

Најголемиот дел од нив велат дека по запознавањето со некого преку Tinder имале проблем да се „откачат“ од оние луѓе кои делуваат сомнително, неискрено, несигурно и деструктивно.

Истражувањето покажа дека мета на вознемирувањата се најчесто жени, а дури 57% од жените велат дека имале барем едно непријатно искуство користејќи Tinder. Мажите имаат значително помалку проблеми користејќи ја оваа апликација, откако беше откриено дека само 20% од нив се пожалија на вознемирување.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.