x

Тинејџер го победи седумкратниот првак во Tetris

Категорија: Забава Објавено на 26 Октомври, 2018 од GSM.mk

Во Портланд се одржа светско првенство во Tetris, каде дојде до неочекувано изненадување. Тинејџер го победи седумкратниот шампион.

Џонас Нојбауер седум пати ја има освоено титулата првак во светот, а во финалето изгуби од 16-годишниот тинејџер Џозеф Сејли.

Титулата на шампион ја држеше од 2011 година до 2017 година. Џонас изјави дека младиот победник играл со „целото срце“ и дека има неверојатна техника и талент.

Тинејџерот си замина дома со 1.000 долари и трофеј.

Tetris постои од 1984 година. Првата верзија е креирана во Советскиот Сојуз.

via GIPHY

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.