x

Тинејџер нарачал евтин iPhone, добил маса во форма на телефон

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 07 Април, 2021 од GSM.mk

Тинејџер во Тајланд нарачал iPhone уред онлајн и бил навистина изненаден од пратката кога пристигнала....

Apple, покрај тоа што е дел од тужби, често е дел и од смешни инциденти. Зборуваме за ситуации во кои корисници нарачуваат Apple уреди онлајн и добиваат нешто друго. 

Слично на тоа, тинејџер од Тајланд нарачал iPhone уред, но наместо него, добил маса во форма на смартфонот. Тинјџерот бил примамен од одлична онлајн зделка за iPhone 7 кој бил по многу ниска цена. Кога производот стигнал до него, сфатил зашто всушност цената била толку примамлива.

Иако приказната звучи како да станува збор за измама, всушност грешката била до тинејџерот, бидејќи покрај ниската цена, не проверил каков вид на iPhone всушност нарачува.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.