x

Топ 10 најлоши лозинки за 2020, дали вашата е меѓу нив?

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 23 Ноември, 2020 од GSM.mk

Компанијата NordPass анализираше повеќе од 275 милиони лозинки изложени во јавност, по откриени од хакерски напади. Од нив направи листа со десетте најчесто употребувани лозинки.

Повеќе од половината лозинки се повторуваат по неколку десетици до неколку милиони пати, односно 56 проценти. Од друга страна, само 44 проценти од лозинките биле уникатни, односно никаде не се повторувале.

Од NordPass ги советуваат корисниците на интернет да не користат шаблони за лозинки за нивните профили на социјалните мрежи. За подобра заштита, од NordPass советуваат промена на лозинката на секои 90 дена со комбинација од големи и мали букви и креирање различни лозинки за секој профил.

 Најчесто користени лозинки се:  

1. 123456
2. 123456789
3. picture1
4. password
5. 12345678
6. 111111
7. 123123
8. 12345
9. 1234567890
10. senha 

URL


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.