x

Топ 10 паметни телефони пред iPhone!

Категорија: Занимливости Објавено на 13 Април, 2017 од GSM.mk

Пред појавувањето на оригиналниот iPhone во 2007-ма година, паметните телефони изгледаа драстично поинаку. Погледнете ја нашата топ 10 листа на паметни телефони кои не импресионираа во минатото.

1. BlackBerry 7730 / 7750 / 7780

77xx серијата на Blackberry се едни од првите телефони со екран во боја (3 инчи, 240 x 240 пиксели). Сите модели се идентични, а работат со само 2MB RAM меморија.

2. BenQ P50

BenQ (тајванска компанија) најмногу е позната по LCD монитори и дигитални камери, но повремено произведува и мобилни телефони. Претставен во првата половина на 2004-та година, P50 работеше на Windows Mobile 2003 SE, имаше QWERTY тестатура, 2,8 инчен екран со резолуција од 320 x 240 пиксели, Wi-Fi, 64MB RAM и камера од 1,3 мегапиксели. Импресионирани?

3. HP iPAQ h6300 series

Претставен во 2002-ра година, овој уред работеше на Windows Mobile 2003, а спецификациите беа 3,5 инчен екран со резолуција од 320 x 240 пиксели, Wi-Fi, задна VGA камера и QWERTY тестатура која можевте да ја додавате. Срцето на телефонот беше TI OMAP 1510 процесор кој работеше на 168MHz.

4. Nokia 9500 Communicator

Создаден од легендарната Nokia, ова е уред на преклопување кој истовремено е и обичен и паметен телефон. Во внатрешноста се наоѓаше огромен 4,5 инчен екран во боја со резолуција од 640 x 200 пиксели. Имаше и QWERTY тестатура, како и Wi-Fi.

5. HTC Typhoon

HTC произведуваше мобилни уреди уште во 2004-та година. Со својот 2,2 инчен екран и резолуција од 220 x 176 пиксели, овој телефон работеше на Windows Mobile 2003 SE, а поседуваше TI OMAP процесор од 200MHz, VGA камера и тежеше само 100 грама, што е екстремно малку за паметен уред.

6. Motorola A1000

Лансиран во далечната 2004-та, A1000 беше првиот уред на Motorola со 3G конекција. Телефонот работеше на Symbian UIQ оперативниот систем, а поседуваше 2,9 инчен резистивен екран на допир со резолуција од 320 x 208 пиксели, како и 1,2 мегапикселна предна камера.


7. Nokia 6630

Веројатно сте запознаени со овој телефон - произведен во 2004-та година, 6630 беше еден од најдобрите модели на пазарот. Ова е првиот 3G уред на компанијата, опремен со 220MHz TI OMAP процесор и 1,3 мегапикселна задна камера која правеше одлични фотографии!

8. Palm Treo 650


Моделот Treo 650 е еден од најуспешните на компанијата, а се базира на Palm оперативниот систем. Уредот поседува 2,7 инчен екран со резолуција од 320 x 320 пиксели и моќен Intel PXA270 процесор кој работеше на 312MHz.

9. Sony Ericsson P910

Sony претстави неколку Symbian UIQ телефони од P серијата. Моделот P910 поседуваше алфанумеричка, како и QWERTY тестатура, а меѓу останатите спецификации беа 2,9 инчниот екран со резолуција од 320 x 208 пиксели, 256K бои, процесор кој работи на 156MHz и 64MB RAM.

Телефонот поседуваше задна VGA камера која беше квалитетна за своето време!


10. Samsung i700

Во 2002-ра година, Samsung произведен телефон со Pocket PC 2002 оперативен систем, а подоцна се префрли на Windows Mobile 2003. Телефонот поседуваше екран на допир со резолуција од 320 x 240 пиксели, процесор од 300MHz, 64MB RAM и ротирачка VGA камера.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.