x

Топ 9: Ова се најлошите мобилни телефони на сите времиња!

Категорија: Забава Објавено на 30 Јули, 2018 од GSM.mk

Еволуцијата на мобилните телефони е прилично забавна работа. Од телефони кои наликуваа на „цигла“, до смартфоните кои ги имаме денес благодарение на развојот на технологијата, воопшто не е тешко да се согледа колку брзо се сменија работите.

Business Insider издвои дел од најлошите мобилни телефони кои досега се појавиле на пазарот. Проверете дали сте поседувале некој од овие модели.

Motorola Pebl

Лоша батерија која едвај држи и површина на која се лепи сè.

Pantech C300

Еден корисник на Amazon за овој модел напишал дека штом го купил веднаш го вратил и си зел Nokia 6030. Мобилниот на јужнокорејскиот производител ја има најмалата камера меѓу телефоните на преклоп. Но, не се прослави премногу меѓу потрошувачите.

Firefly

Мобилниот е наменет за деца од 5 до 12 години. Телефонот требаше да им даде мир на родителите кои со помош на ПИН ги контролираа броевите кои детето ги вметнало во листата броеви. На овој начин родителите имаат контрола над повиците на своето дете.

LG Migo

И овој телефон е првично наменет за деца и како и Firefly требаше да им овозможи на родителите да бидат во постојан контакт со своите деца. Корисниците се жалеа дека батеријата е слаба.

LG Voyager

LG дефинитивно не се прослави со производството на мобилни телефони. Voyager е уште еден од оние телефони за кои постоеја премногу поплаки. Поплаките на корисниците кои го споделија своето искуство се бројни. Тие главно пријавиле „преголем број на проблеми“.

Motorola ROKR

Телефонот за прв пат беше произведен во 2005-та година, а се произведуваше до 2009-та. Ова беше првиот телефон во кој беше интегриран iTunes, како резултат на соработката меѓу Motorola и Apple. Штета само што не се покажа како добар производ.

Motorola Flipout

Уште еден Fail на Motorola. Или како што го опишуваат корисниците: ѓубре од технологија.

LG Double Play

Ако правите статистика, тогаш LG и Motorola се на врвот во производство на лоши мобилни телефони. Корисниците велат дека проблемите со Double Play започнуваат кратко време откако ќе го купите и секако советот е – немојте да го купувате.

Microsoft Kin

Не прифаќа пораки додека не го исчистите инбоксот порака по порака, премногу малечок и со премногу збиени типки. Додадете на тоа хаотичен екран. Иако Microsoft вложи многу пари во овој проект (околу милијарда долари), тој комплетно пропадна.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.