x

Touchjet: Гаџет кој го претвара вашиот телевизор во таблет!

Категорија: Рецензии // Гаџети Објавено на 17 Декември, 2016 од GSM.mk

Touchjet е интересен гаџет, достапен на Best Buy, кој може вашиот телевизор да го претвори во голем таблет кој работи на Андроид!

За уредот да работи, само треба да е поставен над телевизорот. Потоа, Touchjet Wave ќе го искористи својот проектор и ќе ја пренесе сликата од Android уред. Од таму, можете да контролирате преку мобилна апликација или преку самото допирање на екранот. Компанијата тврди дека производот е компатабилен со било кој телевизор и подржува 65 инчни екрани со 4K резолуција.


Бидејќи чини 300 долари, Touchjet е евтината верзија на слични уреди со иста функција, како Microsoft Surface Hub, кој чини 9000 долари. Но, цената е ниска со причина. Има само 16GB меморија, 2GB RAM и работи на Android 4.4 KitKat.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.